Македонскиот автомобилистички тим ПСС Рејсинг, викендов во Барселона го очекуваат последните две трки сезонава во ТЦР Европа шампионатот со сериозна шанса за две титули. Франко Џиролами е во битка за главната титула, а најдобриот македонски автомобилист Виктор Давидовски ќе се бори за титулата во „Дајмонд куп“.
Согласно програмата, квалификациите се утре наутро, првата трка е закажана исто така за утре а втората е на програмата во недела.
Франко Џиролами во битката за титулата е со Микел Аскона кој има 53 бода предност во однос на членот на ПСС Рејсинг тим.
Виктор Давидовски, пак, е со сериозна можност за титула во „Дајмонд куп“ за возачи над 40 години, во директна пресметка со Мартин Риба.
На денешните слободни тренинзи во Барселона, Џиролами на првиот тренинг имаше второ најдобро време, а Давидовски беше петтопласиран. На вториот тренинг Џиролами беше трет, а Давидовски на 13. место. Утрешните квалификации стартуваат од 10:40 часот, а првата трка е закажана за 15:40 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА