Можеле да го доведат Халанд за два милиони, но за еден човек тоа биле многу пари

Ерлинг Халанд во моментов е еден од најдобрите фудбалери во светот, а од Борусија Дортмунд веќе знаат дека и те како ќе го вновчат неговото заминување и преминот во некој од европските великани.

Интересно е тоа што Јувентус можел да го доведе младиот Халанд за сума од два милиони, но тогашниот директор на клубот, Бепе Марота сметал дека тоа се премногу пари за еден тинејџер.

Човекот кој денеска работи во Интер, вели дека тоа е една од најголемите грешки кои ги направил во кариерата.

„Една од моите најголеми грешки е Халанд. Имав шанси да го доведам во Јувентус од Молде за сума од два милиони, но ми беа премногу“, изјави Марота. 

Се вчитува...