Луис Хамилтон беше најбрз на квалификациите за големата награда на Турција која се вози во Истанбул, но поради казната од десет позиции поради промена на моторот, пол-позицијата му припадна на неговиот тимски колега Валтери Ботас.
Од првиот стартен ред заедно со Ботас ќе стартува Макс Ферстапен на Ред Бул. Од вториот ред ќе бидат Леклер и Гасли, а во топ 10 завршија и Алонсо, Перез, Норис, Строл, Цунода и Фетел.
🏁FINAL Q3🏁
🥇HAMILTON
🥈Bottas
🥉Verstappen#F1 #Formula1 #TurkishGP🇹🇷
📷 @MercedesAMGF1 pic.twitter.com/rjDlnHCe11— Formula 1🇦🇷 | #TurkishGP🇹🇷 (@Formula1arg1) October 9, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА