БиХ против Казахстан до прва победа во квалификациите, Бугарија „посрамотена“ од Литванија

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина стигна до првата победа во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година, откако славеше на гостински терен кај Казахстан со 0-2.

Херој за „змејовите“ беше Смаил Превљак кој со два гола (25. и 66.) минута донесе три бода.

Литванија стигна до изненадувачки триумф над Бугарија од 3-1. Стрелци на головите за Литванците беа Ласицкас и Черних на два пати, а единствениот погодок за нашиот источен сосед го постигна Десподов.

За издвојување е и пеналот за Бугарите кој не го реализираше Илиев во 14. минута.

 

 

 

 

Се вчитува...