И покрај лошиот старт на новата сезона и очајната форма „скопското дерби“ уште еднаш покажа дека е повеќе од само дуел меѓу два тима кај кои формата е дијаметрално спротивна. Металург успеа да пружи силен отпор, но сепак на крајот поголемиот квалитет на Вардар беше доволен за триумф од 38-30. Конечниот резултат не е вистински приказ за натпреварот, бидејќи тимот од Автокоманда 50. минути беше во егал против градскиот ривал.
„Металурзите“ одлично го отворија натпреварот и во текот на целото прво полувреме беа во предност, а на пауза заминаа со позитива од плус еден (18-19). Се играше егал и во поголемиот дел на второто полувреме, но сепак „црвено-црните“ во последните десет минути успеаја да го урнат отпорот на противникот и да стигнат до триумф од 38-30.
Дибиров, Талески и Моралес со по седум гола беа најефикасни кај победникот, додека кај Металург, Абдулах Мане заврши со девет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА