Митревски и Порто остануваат максимални во португалскиот шампионат

Никола Митревски и неговиот Порто остануваат максимални во португалското првенство. Тие вечерва на домашен терен без поголеми проблеми славеа над Белененсеш со 32-25.

Во првото полувреме гостинот пружи силен отпор и на пауза замина со негатива од само еден гол (15-14). Сепак, Митревски и компанија во вторите триесет минути уфрлија во повисока брзина и на крајот стигнаа и до рутински триумф од 32-25.

 

 

Се вчитува...