Победата на Фјури не е праведна – „Судијата премногу споро му броеше кога беше во нокдаун“

Се уште не стивнуваат реакциите по борбата на векот која што синоќа ни ја приредија Тајсон Фјури и Дионте Вајлер во Лас Вегас. Британецот успеа да ја одбрани титулата во тешка категорија во ВБЦ верзијата откако го нокаутираше својот противник во 11. рунда.

Сепак, не течеше се така лесно за популарниот „Џипси кинг“. Во четвртата рунда тој двапати се најде на подот, но успеа да се извлече од незгодната ситуација. Дел од експертите сметаат дека победата на Фјури не е праведна бидејќи во тие моменти судијата во рингот броел премногу споро.

 

Се вчитува...