Дрогришки го водеше Тиквеш до победа против Прилеп

Ракометарите на Тиквеш стигнаа до важна победа на домашен терен против Прилеп од 34-27 во натпревар од 6. коло во ракометната Суперлига на Македонија. Гостите беа достоен противник само на почетокот на мечот кога имаа предност од 4-5.

Следуваше одлична игра на кавадарчани и до полувремето успеаја да стигнат до плус три 15-12. Во вториот дел разликата само се зголемуваше за конечни 34-27.

Стефан Дрогришки со девет гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените по осум постигнаа Чантурија и Милошески.

 

 

Се вчитува...