Савевски: Пораз како победа, голем потстрек за уште понапорна работа

Женската репрезентација на Македонија по долги години одигра егал натпревар против фаворит и само недостаток на среќа ја чинеше нашата репрезентација тесен пораз од 31-30.

Селекторот Љубомир Савевски е презадоволен од овој натпревар и целата заслуга за одличната партија ја препишува на ракометарките.

„Задоволен сум многу од натпреварот. Знаевме дека можеме да играме многу подобро. Повторно кикснавме во истиот период како на мечот во Скопје. Ме изненадија девојките како се вратија во мечот. На крајот судиите можеа да им свират пасивен напад на Црногорките, но тоа е што е. Многу сум задоволен од овој малд тим. Просекот на години денеска ни беше 20.3, тоа е нешто неверојатно. Сакавме да ги изненадиме Црногорките и малку ни фалеше да успееме да го направиме тоа. Ова е прекрасно нешто за женскиот ракомет и е голем потстрек за мене“,  изјави Савевски за ЕКИПА.МК. 

 

 

Се вчитува...