Македонскиот тим оствари одличен резултат во сезоната на TCR Europe, успевајќи да освои два трофеи. Во својата прва сезона Франко Џиролами го освои второто место, додека Виктор Давидовски ја имаше најдобрата сезона досега и се враќа со трофејот од „Dimond Cup“.
Вложениот труд конечно донесе резултат, па македонскиот тим PSS Racing во најсилното европско тркачко натпреварување, TCR Europe беше меѓу најпријатните изнанедувања сезонава. До пред почетокот на последниот викенд во Барселона, двајцата возачи на „PSS Racing“, Франко Џиролами и Виктор Давидовски влегоа со шанси да станат шампиони. Џиролами во конкуренција на возачи, а Давидовски во Dimond Cup (возачи над 40 година)
Џиролами не освои бодови на првата трка, а победи Микел Аскона со што титулата беше решена. Но затоа Давидовски имаше шанса да го освои трофејот во неговата конкуренција.
„PSS Racing“ ја имаше најуспешната сезона во „TCR Europe“ и на крајот освои 484 бода, најмногу досега откако се трка. Во конкуренција на 14 тимови, нашиот „PSS Racing“ беше петти. И што е подобро, најдобри во конкуренција на тимови што возат автомобили „Honda“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА