Подмладената женска ракометна репрезентација на Македонија вчера загуби минимално 31-30 на гостувањето кај Црна Гора во ЕХФ Евро купот.
Најдобра во нашиот состав беше Ангела Јанкуловска која мечот го заврши со осум гола. Јанкуловска вели дека тие покажале дека Македонија има иднина.
„Поискусните кои беа носители на играта не дојдоа па ние помладите добивме поголема шанса. Енергијата која што ја имавме беше пресудна да одиграме добар натпревар. На крајот можевме да дојдеме и до реми, но искуството на Црногорските пресуди. Покажавме дека Македонија има иднина и таленти кои треба да се ценат и да се работи со нив“, изјави Јанкуловска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА