Ибрахимовиќ се враќа за мечот со Порто во Лигата на шампионите

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ го заврши закрепнувањето по повредата на Ахиловата тетива. 40-годишниот играч очекува да игра на натпреварот од Лигата на шампионите против Порто на 19 октомври во Португалија.

Според „Тутоспорт“, Ибрахимовиќ кон средината на неделата ќе започне со тренинзи со останатиот дел од екипата. Во моментов работи според индивидуална програма. Во октомври, Ибрахимовиќ наполни 40 години. Шведскиот фудбалер однапред го прослави својот роденден за да можат да присуствуваат вработените и фудбалерите на Милан. За годишнината, Ибрахимовиќ си купи нов златен спортски автомобил.

Златан Ибрахимовиќ заработи повреда на коленото на 9 мај на натпреварот од Серија А против Јувентус. Во јуни, тој беше опериран. Минатата сезона Швеѓанецот одигра 27 натпревари во Серија А, на кои постигна 15 гола и 2 асистенции. Поради повреда, тој го пропушти Евро 2020.

Се вчитува...