Легендарниот италијански тренер Ариго Саки, кормилар на „росонерите“ во златните времиња на миланскиот великан во 80-те и 90-те години посочи дека не е шокиран, а очекувал Џиџо Донамума да биде дочекан со свирежи во Милано, откако си замина летоска после Еуро 2020 во Пари Сен Жермен.
Саки е втор тренер на Милан, после Фабио Капело кој отворено посочува дека во животот одредено предавство на некој начин се плаќа.
„Јас во живот не сум свирнал на некого, ама од време на време луѓето на таков начин искажуваат одреден револт. И очигледно дека тука станува збор за предавство. Во животот и во фудбалот тоа предавство некако треба да се плати. Да не се правиме сеа дека сите сме шокирани зашто имало пар свирежи на стадионот“, вели Саки.
Селекторот на Италија, Роберто Манчини посочи дека не требало на Донарума да му се свири на меч за репрезентацијата, зашто е дел од херојскиот тим кој го освои ЕП, додека менаџерот Мино Рајола се обиде да го брани Џиџо посочувајќи дека не заслужил свирежи, а луѓето во Милано се обидуваат да го третираат како „да убил некого“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА