Милан одлично ја стартуваше сезоната во Калчо-лигата и покрај повредите на Ибрахимовиќ и на уште неколку првотимци. Тренерот Пиоли сега се соочува со нов предизвик, откако незгодна повреда заработи Мајк Маињан, извонредниот голман кој бранеше во одлична форма и беше најдобар фудбалер на „росонерите“ од стартот на сезонава.
Французинот се жалеше на болка на зглобот на раката, а деталните прегледи покажале проблем поради кој Маињан ќе мора што поскоро да биде опериран. Паузата ќе изнесува најмалку 15 дена, што значи дека одличниот голман ќе ги пропушти дуелите со Верона и со Болоња во Серија А, како и пресметката со Порто во Лигата на Шампионите. „Росонерите“ се надеваат дека Маињан ќе се врати на голот за дербито со Рома закажано за 31 октомври.
Милан моментно е второпласиран на табелата со 19 освоени бода, само два помалку од лидерот Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА