Еден од најдобрите, ако не и најдобриот снукер играч на сите времиња, Рони О’Саливен за време на Отвореното првенство на Северна Ирска доби и интересно прашање да ги наброи двата најголеми спортисти на сите времиња.
Одговорот на О’Саливен може да изненади многумина, но Англичанецот кој отсекогаш стоел на страна на индивидуалните спортисти изборот број еден го стави токму на еден од нив.
„Да ги набројам двата најдобри спортисти на сите времиња? Па тоа се Мухамед Али и Аиртон Сена. Тоа се моите омилени спортисти“, изјави О’Саливен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА