Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Пари Сен Жермен помина низ многу љубовни проблеми поради кои не успеа да остане фокусиран на фудбалот. Хесе Родригез очигледно никогаш не успеа да го достигне врвот на фудбалот во неговата кариерата.
Овој „господар на скандали“ во моментов има пет деца со три различни жени, така што повеќе се зборува за неговите инциденти надвор од теренот, отколку за неговите игри на зелениот терен. Овој пат следеше нов „спектакл“ бидејќи неговата девојка го прегази со автомобил. Зад воланот се наоѓала Аура Руиз, неговата сегашна девојка. Оваа риалити ѕвезда наводно му простила на Хесе што ја изневерил во неколку наврати, но сега очигледно не можела да се воздржи.
Хесе беше отпуштен од ПСЖ поради таа афера, а Аура му прости, иако се шпекулираше дека Хесе ќе има ново дете по авантурата со Роси Амар. Руиз го сврте вниманието на себе кога му се закани на Хесе дека ќе го објави нивното порно видео, а се претпоставува дека на тој начин успеала да го „убеди“ Хесе да остане со неа и да продолжат да бидат заедно.
Овој контроверзен пар тврди дека ништо од ова не се случило, иако сите шпански медиуми истото го објавија, а удирањето со автомобилот беше само кулминација на уште една нивна расправија. Лас Палмас, за кого во моментов игра Хесе, потврди дека фудбалерот бил удрен од автомобил, но посочи дека Родригез може да тренира.
Las Palmas confirmed Jese Rodriguez was training normally. It was reported that Jese Rodriguez was seriously injured when he was hit by a car by his own girlfriend. pic.twitter.com/6jDIQpDass
— FOOTBALLFANSSTUFF (@officialffsnews) October 13, 2021
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА