Ќе се менува правилото за офсајд по голот на Мбапе во Лигата на Нации!?

Претседателот на судискиот комитет на УЕФА Роберто Росети, коментирајќи го голот на Килијан Мбапе против Шпанија во финалето на Лигата на Нации, најави дека е можно менување на правилото, односно решенија за ова да не се случува.

„Тејлор донесе вистинска одлука врз основа на постојното правило и неговото толкување. Играчот сакаше да игра, но не играше. Но, овој случај ни покажува дека правилото во суштина е во спротивност со суштината на правилото офсајдот, односно да се спречи секој играч да ја искористи предноста на позицијата да биде зад одбраната.

Позицијата на УЕФА е дека постојат начини тоа да се подобри, и да се усогласи со правилото офсајд во духот на играта. Веќе контактирав со моите колеги од ФИФА и ИФАБ, и ќе разговарам за можните решенија“, рече Росети.

Голот предизвика многу реакции, а објансувањето беше дека Ерик Гарсија сакал да игра со топката. Дури и тој самиот рече дека правилото е глупост и дека нормално тргнал по топката, но дека не играл со неа, а доколку Мбапе бил во офсајд, тогаш тоа мора да се сигнализира.

Се вчитува...