ФК Пелистер има нов сспственик

Македонскиот фудбалски прволигаш Пелистер и официјално има нов сопственик. Поранешниот сопственик Пеце Стојчевски и го предаде клубот на компанијата „Спорт бит“.

За нов претседател на клубот е назначен Пеце Коруновски.

„Обезбедуваме сигурна и стабилна иднина за ФК Пелистер. Чест и задоволство ми е денеска да соопштам дека фирмата „Спорт Бит“ е новиот сопственик на 75% од акциите на фудбалскиот клуб Пелистер. Со ова се исполнува ветувањето на г-дин Христо Кондовски за стабилизирање и развој на клубот. На сите во клубот денеска веќе им се исплатени заостанати плати. Во блиска иднина ќе се формира нова управувачка структура на фудбалскиот клуб Пелистер, која во иднина ќе го води клубот кон поголеми дострели, како на македонската, така и на европската сцена. Наша прва цел ќе биде оваа година да го стабилизираме клубот и да обезбедиме финансиска стабилност на истиот и да обезбедиме сигурен опстанок во Првата македонска фудбалска лига“, е ставот на новиот претседател“, изјави Коруновски. 

 

Се вчитува...