Нови проблеми за Милан – Уште една „ѕвезда“ позитивна на коронавирус

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли се соочува со огромни проблеми по интернационалната пауза. Откако прво остана без голманот Маињан кој ќе мора да биде опериран и ќе отсуствува најмалку 15 дена, а потоа и без Тео Хернандез кој е позитивен на коронавирус, позитивен тест покажал и Брахим Дијаз.

Брахим Дијаз се чувствува добро и е изолиран од останатите фудбалери. Дијаз е еден од најдобрите фудбалери на „росонерите“ сезонава запиша девет настапи во сите натпреварувања постигнувајќи четири гола и две асистенции.

 

Се вчитува...