Реал Мадрид нема да игра натпревар во Ла Лига викендов бидејќи закажаниот дуел беше одложен поради доцното доаѓање на јужноамериканските фудбалери, па следен предизвик на „кралевите“ на шпанската сцена ќе биде големото дерби против Барселона.
Главен адут на Карло Анчелоти и на овој меч ќе биде Карим Бензема, кој игра во животна форма во дресот на „кралскиот клуб“. Ова воедно ќе биде и прво „Ел Класико“ по заминувањето на Лео Меси од Барселона, што не прави голема разлика за Бензема и соиграчите.
„Ел Класико без Меси? За мене тоа е исто, тоа се уште е најдобриот меч во фудбалска Европа. Не е важно кои играчи се на едната, а кои на другата страна, сите пресметки се историски. Се менуваат имињата во составите, но Реал – Барса секогаш ќе биде Реал – Барса, посебен меч што сите сакаат да го играат и да победат на него“, изјави Бензема.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА