Многу интересно е првото полувреме од дуелот Лестер – Манчестер Јунајтед, каде гостите први поведоа со „проектилот“ на Гринвуд од дваесетина метри, но „лисиците“ израмнија со уште поубав погодок.
Јури Тилеманс беше стрелец откако Мегваер почетнички ја загуби топката пред сопствениот шеснаесетник, по што Белгиецот со феноменален лоб-удар го „измери“ високиот Давид де Хеа сместувајќи ја топката во горниот агол од неговиот гол.
🎯🔥 EN DIRECTO #Premier | Venga, que en el Leicester 1-1 Manchester United sólo se pueden meter golazos y no nos habíamos enterado. Empata Tielemans https://t.co/ZrNRP3ykzG pic.twitter.com/N86I4rb9ZQ
— MARCA (@marca) October 16, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА