Нова тренерска смена во Калчо-лигата

Раководството на Салернитана се реши за тренерска смена, па така по вчерашниот пораз од Специја денеска му беше врачен отказ на Фабрицио Кастори.

Салернитана катастрофално ја почна сезоната, откако во првите седум кола освои само еден единствен бод, по што оваа екипа се наоѓа закована на дното на табелата.

„Тренерот Фабрицио Кастори е ослободен од обврските за работа со првата екипа. Му благодариме за професионализмот и за остварените цели со заеднички напори, воедно му посакуваме многу среќа во иднина“, објави управата на калчолигашот од Салерно.

Главен фаворит за нов тренер на Салернитана е поранешниот стратег на Аталанта, Стефано Колантуоно.

Се вчитува...