Ридигер си оди – бара нешто што Челси нема шанса да го исполни

Антонио Ридигер ги минува последните месеци во дресот на Челси откако станува јасно дека германскиот репрезентативец нема да потпише нов договор, а актуелниот му истекува на крајот од оваа сезона.

Европскиот првак веќе испрати неколку понуди до Ридигер, од кои највисоката беше за неделна плата од 125.000 фунти, плус богат бонус за потпис, што дефанзивецот експресно ја одбил. Како што јавуваат германските медиуми, Ридигер инсистира на плата од огромни 400.000 фунти неделно, со што би го надминал и Ромелу Лукаку како најплатен фудбалер на „сините“.

Самото барање и неговата нереалност се јасен знак дека Германецот се подготвува за трансфер, а Челси според последните информации нема намера ниту да испраќа нова понуда за продолжување на соработката.

Баерн Минхен сака да го врати Ридигер во татковината, а интерес за овој фудбалер, кој е слободен без никаква отштета покажуваат и Барселона, Реал Мадрид и ПСЖ.

Се вчитува...