Барса ја слави новата „десетка“ – Ансу Фати со генијален погодок против Валенсија (видео)

Ансу Фати дефинитивно многу научил од тренинзите со Лео Меси во изминатите години, па младиот офанзивец се наметнува како наследник на легендарниот Аргентинец.

Тој ја презеде „десетката“ на Меси, но веднаш по рехабилитацијата од повредата почна и да го оправдува епитетот на негов наследник.

Фати денеска за првпат стартуваше еден меч на Барса по пауза од речиси цела година и веднаш блесна, со фантастичен гол од дваесетина метри израмнувајќи го резултатот по раното водство на Валенсија.

Се вчитува...