Уште една трагедија ја потресе спортската сцена, а овој пат во „црно“ се зави италијанската кошарка. Играчот на Месина, Хаитем Фаталах починал синоќа во болница во Реџо Калабрија откако претходно колабирал на натпреварот меѓу неговиот тим и Диере Реџо во рамките на третата лига на Италија.
Целиот немил настан се случил за време на натпревар, кошаркарот ја загубил свеста и oстанал да лежи на теренот. Играта била запрена, на Фаталах му била укажана лекарска помош и со амбулантно возило бил пренесен в болница, но кратко потоа била констатирана смрт. Додека траела борбата за неговиот живот во салата во која се играл натпреварот, интервенирале и доктори кои случајно се нашле на трибините, но и тие не успеале многу да помогнат.
Фаталах имал 32 години, а во сениорските лиги на Италија забележал над 250 настапи. Член на Месина бил од сезоната 2016/17.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА