Третото коло од Првата лига се комплетира во Битола и Кавадарци

По возбудливите четири дуела кои беа одиграни изминатиот викенд на терените ширум Македонија, денеска во Битола и Кавадарци ќе биде комплетирано третото коло од Првата лига со дуелите помеѓу Пелистер и Феникс 2010, односно Еуро Никел и МЗТ Скопје.

Првиот од нив ќе биде одигран на југот во салата „Боро Чурлевски“ каде минатогодишниот полуфиналист Пелистер го пречекува новалијата Феникс 2010 од 11 часот и 30 минути. „Зелено-белите“ на овој меч влегуваат по историското деби во АБА2 лигата каде одигра два дуела, а скопскиот тим кој во досегашните натпревари од лигата прикажа убава игра ќе се обиде да го искористи заморот на битолчани и да стигне до својата втора победа.

Колото ќе биде комплетирано од 18 часот во „Јасмин“ со најинтересниот натпреварот во него помеѓу минатогодишните финалисти Еуро Никел и МЗТ Скопје. Дуелите помеѓу ова два тима претходната сезона донесоа одлични натпревари во кои скопскиот тим излезе како победник во финалната серија. Сега „сино-белите“ состави имаат променет изглед, но сосема сигурно нема да недостасува возбудувањето.

Ќе биде интересно да го проследиме денешниот дуел под обрачите помеѓу Предраг Самарџиски од едната и Роберт Рикиќ од другата страна кои водно ќе бидат и први дуели на центрите против своите поранешни клубови.

Се вчитува...