Шефот на одделот за развој на фудбалот во ФИФА, Арсен Венгер, денеска предложи нова идеја. Тој смета дека треба да бидат организирани прес-конференции по натпреварите.
„Би било корисно да се организираат прес-конференција за да се избегнат контроверзиите и да се соочат со луѓето и да објаснат некои ситуации.
За да се направи ова треба да се добие одобрение од судиите. Не нзнам во каква состојба се тие, и дали се во можност да коментираат по натпреварите“, рече Венгер.
Поранешниот тренер на Арсенал во последно време има револуционерни идеји како што се организација на СП на секои две години, воведување на автоматско следење на офсајд ситуациите…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА