СОСТАВИ ЗА ЛШ: Николов стартува од клупата на „Џузепе Меаца“

Шериф на „Џузепе Меаца“ во дуелот со Интер, ќе стартува без Бобан Николов, кој својата шанса ќе ја чека од клупата, исто како што беше и на минатите два натпревари. Шериф освои шест бода, и оди на третото изненадување во ЛШ. Интер, пак, без некои посериозни промени, со тоа што Гаљардини се најде на клупата.

ПСЖ ќе стартува со Меси во дуелот со Лајпциг, но го нема Нејмар поради повреда, а исто така можеби изненадување е тоа што Донарума се најде на клупата за резерви, а предност добива Навас.

Атлетико Мадрид и Ливерпул ќе излезат со своите најдобри состави, односно Ливерпул ќе биде предводен од триото Мане, Фирмино, Салах.

И Реал Мадрид со големи проблеми пред гостувањето кај Шахтјор. Тренерот Анчелоти не може да смета на Азар, Бејл, Иско, Карвахал, Себаљос и Јовиќ.

Стартните состави на следниот ЛИНК.

Се вчитува...