Кире Лазаров и Нант триумфално го почнаа настапот во новата сезона на ЕХФ-купот, откако славеа на гостувањето против финскиот првак Кокс со резултат 28-40.
Ефикасниот напад беше главната причина за овој убедлив триумф, што Лазаров и соиграчите го запечатија со фуриозно второ полувреме, откако во првиот дел имаа скромни „плус четири“. Во вториот дел отпорот на Финците беше целосно скршен, па Нант со убедлива победа го почна настапот во второто по квалитет европско натпреварување.
Кире Лазаров постигна три гола за Нант на овој натпревар, а најефикасни во победничкиот тим беа Ривера, Калваканти и Милиќ со по пет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА