Пријателска прегратка на Меси и Роналдињо (ВИДЕО)

Екс бразилскиот репрезентативец Роналдињо, вечерва е гостин во Париз, каде што го гледа натпреварот ПСЖ – Лајпциг. Иако е амбасадор на Барселона, сепак, се реши да ја прифати поканаа од ПСЖ да го гледа вечерашниот дуел.

Во еден момент додека се загреваше, фудбалерот на ПСЖ Лионел Меси му пријде, и пријателски го прегрна Роналдињо. Нивниот разговор траеше неколку секунди.

Се вчитува...