Ниту Ф од ферплеј: Симеоне побегна без да се поздрави со Клоп (видео)

Диего Симеоне и Јирген Клоп важат за дел од европската тренерска елита, но Аргентинецот со однесувањето вечерва беше далеку под своето ниво.

Честото дофрлање до судијата е нешто по што Симеоне е познат, но вечерва тој разoчара со односот по последниот судиски свиреж, откако веднаш побегна од теренот трчајќи кон соблекувалните.

Тренерот на Атлетико не се ни поздрави со Јирген Клоп, а стратегот на Ливерпул веднаш изреагира, искажувајќи ја разочараноста кај помошникот на мадридскиот тим кој му пријде по „бегството“ на Симеоне.

Се вчитува...