Работнички денеска (14 часот) гостува „под Тумбе кафе“ и ќе ги одмери силите со Пелистер во осминафиналето на Купот на Македонија. Голманот Бурхан Мустафа верува дека тимот ќе се прикаже во добро издание и дека ќе успее да избори пласман во следната рунда од најмасовното фудбалско натпреварување.
„Го респектираме Пелистер, тоа е квалитетен тим и моментната ситуација на табелата не го отсликува реално нивниот капацитет. Ние се надеваме дека ќе одиграме добар натпревар и посакуваме пласман во следната рунда од Купот на Македонија. Ова се специфични натпревари, нема можност за поправен и затоа мора да бидеме максимално внимателни и грешките да ги сведеме на минимум“, вели Бурхан Мустафа.
Натпреварот меѓу Пелистер и Работнички ќе се одигра на стадионот „Тумбе кафе“ во Битола, со почеток во 14 часот, а ќе го суди Фуркан Идризи од Куманово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА