Надал: Тенисот станува заложник на еден удар, ќе биде уште полошо

Шпанецот Рафаел Надал верува дека модерниот тенис оди во лош правец. Освојвуачот на 20-те Гренд слем титули потенцираше дека не му се допаѓа фактот што сервата ќе почне да владее, па бара брза реакција.

Рафа верува дека нешто мора да се промени.

„Во минатото, талентот и тактиката беа многу поважни отколку денес. На спортистите им беше потребнo да се истакнат и да успеат, додека денешниот тенис се базира на различни концепти. Се’ уште е можно да се маневрира на земја, но речиси е невозможно на трева и тврди површини. Тенисот станува се побрз и побрз и не сум убеден дека тоа е вистинскиот пат. Сервата е ударот што најмногу ги користеше технолошките иновации. Ако наскоро не се најде решение, постои опасност тенисот да стане заложник на тој единствен удар. Мислам дека во следните десет години ситуацијата ќе се влоши“, истакна Надал.

 

 

 

Се вчитува...