КУП НА МАКЕДОНИЈА ЖЕНИ: Вардар и Ѓорче Петров во најинтересната група

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија денеска беа одредени и групите во женскиот Куп на Македонија. Екипите се поделени во четири групи, а најинтересната ја сочинуваат Вардар и Ѓорче Петров кои пред својот дуел ќе треба прво да ги минат Стружанка, односно Кузман Вардар Илинден.

Натпреварите ќе се играат на 19. и 20. март, а победниците од сите четири групи ќе се најдат на Ф4 турнирот кој ќе се игра во мај.

Куп на Македонија, групна фаза:

Група А

Вардар – Стружанка
Ѓорче Петров – Кузман Вардар Илинден

Група Б

Феникс АМС – Спартак
Овче Поле СУ – Чаир

Група В

Металург – Астибо
Шампион – Гевгелија

Група Г

Деспина слоб.
Пелистер – Куманово

Се вчитува...