КУП на МАКЕДОНИЈА: Неверојатно полувреме во Тетово – Шкендија води со 4-0 против Ренова, водство на Шкупи и Брегалница

Шкендија има убедлива предност од 4-0 против Ренова на полувремето од осминафиналната пресметка во Купот на Македонија со што „црвено-црните“ веќе се пред пласман во четвртфиналето во најмасовното домашно клупско натпреварување.

Шкендија уште во 4. минута поведе со голот на Мерџани, а во 20. минута Денис Шала зголеми на 2-0. Хебај зголеми на 3-0 во 41. минута, а во 45. минута Шала со својот втор гол заокружи на 4-0.




Предност по првите 45 минути имаат и Брегалница и Шкупи. Брегалница води со 1-0 против Охрид со голот на Ѓокиќ во 35. минута.

Шкупи со голот на Цветаноски од 30. минута има водство од 1-0.

Голови има и во Струга. Борец поведе во 6. минута на гостувањето против Струга ТЛ, но домашните израмнија во 34. минута.

Силекс, пак, има предност од 0-2 на гостувањето против Беласица во Струмица.

КУП НА МАКЕДОНИЈА (Осминафинале) – ПРВО ПОЛУВРЕМЕ

Ак. Пандев – Македонија ЃП 0-0

Брегалница – Охрид 1-0

Пелистер – Работнички 0-0

Шкупи – Тиквеш 1-0

Шкендија – Ренова 4-0

Струга ТЛ – Борец 1-1

Вардар – Скопје 0-0

Беласица – Силекс 0-3

Се вчитува...