Фудбалерките до 19 години со победа над Ф. Острови ги отворија квалификациите

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години на убедлив начин ги почна квалификациите за пласман на Европското првенство.

Николовска во 33. минута донесе водство од 1-0, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел Божиноска во 74. минута зголеми на 2-0, додека конечните 3-0 ги постави Мојсоска од пенал во 87. минута.

Во следното коло „црвено-жолтите“ девојки за три дена ќе играат против домаќинот Белорусија, додека во последната рунда ќе се сретнат со Кипар.

 

Се вчитува...