Со оглед на очигледната лоша форма низ која настапува во Првата македонска фудбалска лига, Македонија ЃП беше отпишана пред денешното гостување во Струмица против Академија Пандев во осминафиналето од Купот на Македонија.
Но, „лавовите“ покажаа дека никогаш не смее да бидат отпишани предвреме, посебно и кога се најранливи во моментов минувајќи низ сериозна резултатска прволигашка криза. Затоа и повеќе од заслужено славје за фудбалерите на тимот од Ѓорче Петров по завршувањето на дуелот во Струмица и триумфот по пеналите над „пандевци“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА