Офанзивецот на Брегалница, Андреј Кудијан на најдобар можен начин се врати на зелените терени со погодок во триумфот на „сините“ од 4-0 против Охрид во осминафиналето од Купот на Македонија.
По пауза од три месеци поради повредата заработена за време на летните подготовки на Златибор, Кудијан повторно во полна форма е во тимот на Марјан Секуловски, не криејќи го задоволството што се врати и со постигнат погодок.
„Секако пресреќен сум што успешно се вратив на зелениот терен по три месеци. Задоволен сум од играта по толку време надвор од терените, и секако задоволен што убедливо обезбедивме пласман во четвртфиналето од Купот на Македонија. Многу ми значи поддршката од соиграчите како што побрзо би се вратил во вистинската форма. Знам дека и во иднина ќе продолжиме со добрите игри и во Првата лига, па сигурно ќе има и нови мои голови“ – порача Кудијан по завршувањето на вчерашниот натпревар со Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА