ФИФА успешно евакуираше нова група на спортисти од Авганистан

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека е евакуирана нова група на спортити од Авганистан. Овој пат истата брои 57 спротисти, претежно млади фудбалери и кошаркарки и истите се пренесени во Катар.

Уште претходната недела ФИФА објави дека заедно со катарските власти помогнала во евакуациајта на 100 фудбалери, фудбалерки и нивните семејства од Авганистан, а претседателот на ФИФА, Џани Инфантино повика на соработка и од останатите федерации.

„Ги повикувам сите нашите пријатели во владите и целата фудбалска заедница да ни помогна во придобивање на бегалски дозволи и визи за сите евакуирани како би им помогнале да започнат нов живот во сигурна средина“, изјави Инфантино.

Се вчитува...