Македонската женска репрезентација триумфираше убедливо со 1-4 на гостувањето против Летонија во 3.коло од квалификациската група -Д за пласман на Светското првенство.
Избраничките на Кирил Изов одиграа квалитетен меч против Летонките сосема заслужено стигнувајќи до победата.
Водството за Македонија го донесе Рочи уште во 9. минута од средбата. Наташа Андонова во 28. минута зголеми на 0-2, а откако домашните намалија на 1-2 во 30. минута, на почетокот од вториот дел Максути во 51. минута зголеми на 1-3. Конечните 1-4 ги постави Андонова со својот втор гол, овој пат од пенал во 63. минута.
За Македонија, по претходните два порази од Англија и од Австрија, ова е прва победа во квалификациите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА