Најатрактивната кошарка во светот се врати во етерот за јубијелната 75. сезона во која дел од тимовите ќе се борат за престен, а дел ја поминат фазата на „ребилдинг“. Еден од овие вториве ќе биде и Орландо Меџик кој се мачи да создаде конкурентен тим повеќе од една деценија.
„Ребилдингот“ на тимот од Флорија трае предолго, а работите не се идеални ни на почетокот на новата сезона. Со цел да се пронајдат идеалните дванаесеттмина „магионичарите“ во претсезоната комбинираа со голем број на кошаркари, а еден од нив беше и доскорешниот член на МЗТ Скопје, Хасани Гравет.
Американецот кој во минатото го носеше дресот на филијалата на Орландо, Лејкленд Меџик доби нова шанса за докажување, настапи и на претсезонските натпревари, но не се избори за место во составот. А, сега се најде и како тема за исмејување во подкастот „Шеста лична“ на српскиот портал Мондо каде гостуваше коментаторот на Арена Спорт, Един Авдиќ.
Зборејќи за лошата ситуација во Орландо домаќинот на подкастот го напомена токму поранешниот член на МЗТ Скопје, а еден од најдобрите коментатори на овие простори имаше интересна реакција, превртувајќи со очите.
„Имаат нов тренер, Џамал Мозли кој беше помошен тренер во Далас. Мене ми се чини дека тоа беше онака ‘дај да видиме дали некој сака да биде тренер’ и се тоа делува апатично… го донесоа и Хасани Гравет од МЗТ така да…“
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

