Динамо Загреб по три одиграни кола во Лига Европа останува со учинок од само една победа откако „модрите“ загубија на гостувањето во Виена против Рапид со 2-1. Водство на домаќините донесе Грул во 9. минута од мечот, а откако Оршиќ успеја да го изедначи резултатот во 24. минута до полувремето Рапид стигна до ново водство преку Хофман.
Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски го започна денешниот натпревар и одигра 78. минути, но не успеа да му помогне на својот тим да стигне до бодови. Како потсетување, поради повреда дуелот го пропушти Аријан Адеми.
Црвена Звезда пак само со бод се враќа од гостувањето кај Мидтјиланд (1-1). Белграѓани поведоа со голот на Иваниќ во 58. минута од мечот, а домаќините до изедначување стигнаа во 78. минута. За „црвено-белите“ оваа е прво испуштање на бодови во ЛЕ оваа сезона откако во првите два меча стигнаа до победи против Брада, односно Лудогорец.
Реми беше забележано уште на три средби. Бетис и Леверкузен одиграа 1-1, Фенербахче и Антверп ремизираа со 2-2, а Лацио и Марсеј одиграа без голови (0-0). Брага пак ја запиша и втората победа во првенството како славеше на гостувањето во Бугарија против Лудогорец со 0-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА