Вест Хем и Лион – единствените перфектни по три одиграни кола во Лига Европа

Вест Хем и Лион се на прагот да изборат место во следната фаза од Лига Европа откако англискиот и францускиот клуб се единствените два тима кои по три одиграни кола имаат перфектни „три од три“.

„Чекичарите“ по победите над Динамо и Рапид Виена со по 2-0, денеска славеа и над Генк, но овој пат уште по убедливо со 3-0. Победата ја најави Доусон во 46. минута, Диоп донесе двојна предност во 57. минута, а две минути подоцна Боувен ги реши сите дилеми на мечот.

Лион пак го одигра еден од најинтересните натпревари во досегашниот дел од сезоната откако во натпревар со седум погодоци и многу тензија славеше на гостувањето во Чешка против Спарта Прага со 3-4.

Францускиот тим имаше негатива од 2-0 веќе во 19. минута од мечот, а преку Екби во 42. минута успеа да го намали водството на Чесите. Ауар донесе изедначување во 53. минута, а во 67. минута Пакети стрелаше за целосен пресврт. Лион остана со играч помалку во 74. минута по вториот жолт картон на Густо, но тоа не го спречи Екамби да постигне гол за водство од 2-4 во 88. минута.

На домаќинтие во 93. минута им беше поништен погодок поради офсајд, а во шестата минута од судиското продолжение Крејчи го постигна и третиот гол за Спарта, кој беше само ублажување на поразот.

Се вчитува...