На вчерашниот натпревар против Летонија, македонскиот женски национален тим даде гол „а-ла Шаќири“. Кој друг ако не Наташа Андонова, нашата најдобра фудбалерка.
Андонова во 28. минута погоди директно од корнер во мрежата на Летонија за тогаш 2:0 за Македонија, а на крајот Андонова од пенал стрелаше за да ја потврди победата од 1:4 на гости во квалификациите за СП.
Андонова и во минатото давала голови од корнер во клупски план.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА