Борба на Ливерпул и Манчестер Сити за Душан Влаховиќ

Српскиот голгетер Душан Влаховиќ е мета на Ливерпул и Манчестер Сити кои ќе водат битка за неговиот потпис, пренесуваат италијанските медиуми. 21-годишникот кој блескаше претходната сезона и во новата сезона влезе во одлична форма, постигнувајќи четири погодоци во Серија А со што го потврди неговиот талент.

„Граѓаните“ на Србинот гледаат како наследник на Серхио Агуеро, а откако не успеаја да го доведат Хари Кејн ова лето целиот фокус е насмерен кон фудбалерот на Фиорентина. Од другата страна пак Ливерпул сака да ја засили напаѓачката позиција за иднината со оглед на тоа што Роберто Фирмино е во четвртата деценија од животот.

Трансфермаркт го проценува Валховиќ на 50 милиони евра, но ова лето Фиорентина одбиваше понуди и од 70 милиони па ќе биде интересно да видиме за која сума 21-годишникот ќе ја промени средината.

Се вчитува...