Светското злато блесна и за Македонија: Ѓоргиев е нашиот кикбокс адут и за дебито на Олимписките игри (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот кикбокс повторно блесна на светската сцена. Најдобриот македонски кикбоксер Димитар Ѓоргиев, по шест години пауза, повторно си ја врати светската шампионска титула во лоу-кук која ја освојуваше претходно во три наврати од 2011 до 2015 година.

На Светското првенство 2021 во Италија, Димитар Ѓоргиев се закити со златниот медал откако во финалето со 3-0 славеше против Никола Дробњак од БиХ.

„Димитар во текот на сите три рунди ја контролираше борбата и победата беше очекувана. Ѓоргиев само потврди дека е нашиот најголем адут и за дебито на кикбоксот како олимписки спорт на ЛОИ“ – истакна претседателот на КБМФМ и селектор Дејан Митровски-Урко за освоената титула на Димитар Ѓоргиев на Светското првенство во Италија.

 

Се вчитува...