Џенова поразена од Торино, само десет минути за Пандев (ВИДЕО)

Торино славеше против Џенова со 3-2 во првиот натпревар од 9. коло во Серија А, на дуелот на кој Горан Пандев ги одигра последните десет минути за џеновјаните.

Торино во првото полувреме се стекна со предност од 2-0 со головите на Санабрија во 14. минута и Побега во 31. минута.

Во второто полувреме, Дестро во 69. минута намали на 2-1, но набрзо потоа домашните ја вратија двојната предност со голот на Брекало во 77. минута.

Гостите успеаја само да го ублажат поразот со голот на Каицедо во 81. минута. Горан Пандев во игра влезе во 80. минута на местото на стрелецот Дестро.

Се вчитува...