Баерн Минхен се подгтовува за нова ера без Левандовски. Полјакот е пред заминување од Германија, откако го искажа своето незадоволство поради тоа што Баерн наводно го „мерка“ Ерлин Халанд.
Очигледно дека „Баварците“ нема да му прават проблеми на Левандовски да се пресели во друг клуб, и токму од тука се подготвуваат за ново име. И за таа цел германскиот првак ќе издвои 100 милиони евра.
Станува збор за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен кој има фантастична сезона во дресот на „Наполитанците“. Исто така желба е и Халанд, но за него ќе треба да издвојат многу повеќе пари, особено за плати со оглед дека Норвежанецот сигурно ќе бара поголема плата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА