Женската фудбалска репрезентација до 19 години, е поразена во квалификациите од Белорусија со 3:1. После победата над Фарски Острови, денеска селекцијата беше поразена од лидерот на табелата во групата.
Головите за Белорусија беа дело на Асмикович, Јакушик и Капиша. Единтвениот гол за Македонија беше дело на Николовска.
Сега следува дуелот со Кипар, кој ќе биде одлучувачки за Македонија за второто место кое може да донесе пласман во следната фаза ако сме една од најдобрите второпласирани, иако во моментов нашата млада женска селекција е последна на тој ранкинг најдобри второпласирани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА