Макс Верстапен, возачот на Ред Бул, ќе тргне од првата позиција за вечерашната Ф1 трка која ќе се вози за ГН на САД.
Во третата фаза од квалификациите, Верстапен оствари време 1:32.910, пред Луис Хамилтон кој заврши со 1:33.119 и Серхио Перез 1:33.134.
Во првите 10 влегоа и Ботас, Леклер, Саинц, Рикардо, Норис, Гасли и Цунода.
Сепак, Ботас поради промена на моторот, ќе стартува пет места поназад, односно како деветти.
Стартот на ГН на САД во Остин е закажан за 21 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА